Поцков: Над 70 реализирани проекти во изминатите четири години
„Затекнавме длабоко задолжена општина, која сега е консолидирана и стабилна, потоа моравме да се справиме и со неочекуваната пандемија и со сите последици кои истата ги донесе, посебно, во локалната економија, но и во целото општествено живеење", рече Поцков, додавајќи дека и покрај ваквите предизвици, со многу напори и искрени заложби, успеавме да постигнеме значаен […]

„Затекнавме длабоко задолжена општина, која сега е консолидирана и стабилна, потоа моравме да се справиме и со неочекуваната пандемија и со сите последици кои истата ги донесе, посебно, во локалната економија, но и во целото општествено живеење", рече Поцков, додавајќи дека и покрај ваквите предизвици, со многу напори и искрени заложби, успеавме да постигнеме значаен напредок и остварување на стратешките приоритети за општината и интересот на граѓаните.

„Затоа, денес можеме со гордост да констатираме дека Гевгелија продолжува напред во остварувањето на визијата за зелен, модерен и европски град и достојно го носи атрибутот како најпросперитетна и најперспективна општина, а најдобра потврда за тоа се реализираните над 70 проекти во изминатите четири години, кои значително ги подобрија условите за живот на сите граѓани", истакна Поцков.

Тој ја побара довербата од своите сограѓани за уште еден мандат, за да се завршат веќе започнатите проекти или проектите за кои е затворена финансиската конструкција, а кои значително ќе го подобрат квалитетот на живеење во општината според европски стандарди.

Меѓу поголемите планирани проекти во патната инфраструктура, Поцков ги наведе завршување на изградбата на продолжението на Западниот булевар, сервисната улица до Милци, улиците „Методија Андонов Ченто" во Мрзенци и „Александар Бел" во новата станбена населба на Мрзенски Рид, потоа завршување на доградбата на детската градинка „Сончогледи", подобрување на противпожарната заштита и започнување со селекција и рециклажа на отпадот.

Поцков најави реконструкција на Домот на младите во Прдејци со доделените средства од Владата од ТАВ, како и профункционирање на Технолошко инвестиционата зона во Прдејци со изградба на потребната инфраструктура.

„Со Ваша поддршка и соработка можеме да го направиме „НАЈДОБРОТО ЗА ГЕВГЕЛИЈА", затоа, Ве повикувам на 17 октомври да го заокружите редниот број 12 – за да Гевгелија оди напред", порача градоначалникот на Гевгелија Сашко Поцков.

Добавить комментарий

Ваш адрес email не будет опубликован. Обязательные поля помечены *